Луѓето треба да бидат внимателни кога влегуваат во продавница од чиј излог вриштат огромни попусти, смета Марк Елвуд, автор на книгата "Tреска за ценкање; како да се шопингува во свет на попусти'.
Според него, звучните распродажби секогаш се знак дека нешто не е во ред со таа породавница или стоката која ја нуди.
"Ако наидете на продавница која нуди 70% или повеќе попуст, избегнете ја. Таквиот попуст е сигнал дека таа фирма е лошо водена а и нејверојатно значи дека претходно пробала со нереално високи цени да ги мами муштериите," вели Елвуд.
По него, 30-50 посто попуст е легитимна понуда.
Ставот за попустите меѓу американските потрошувачи се има сменето послдниве години. Пред една децнија, попуст од 70 посто би се сметал за апсурден, денес таков и се очекува.
Во 2006-та, само еден од тројца потрошувачи би разгледал така висок дискаунт. Шест години подоцна, две третини им веруваат на "70 и повеќе" понудите.
Во истиот период, бројот на Американци кои купуваат исклучиво на акции со намалени цени се покачил од 15 на 23 проценти.