Лисици, ланци, електрични штитови, електрични пендреци... Над сто кинески компании произведуваат алатки и справи за мачење кои наголемо се продаваат преку гигантскиот онлајн продавач Алибаба.
Фактот ги заинтересирал и луѓето од Амнести Интернешенел кои утврдиле дека добар дел од справите се нарачуваат во големи количини а дека главни купци се држави од Африка, југоисточна Азија и Јужна Америка.
Организацијата тврди дека огромен дел од овие нарачки е наменет за тамошните диктаторски режими или полициите кои насилно спречуваат демонстрации.
Велат дека постојат докази дека со опрема од Alibaba.com биле угушени побуните во Уганда и ДР Конго за време на изборите во 2011-та а дека кинеските електрични пендреци купени од овој сервис ги користат полициските сили во Гана, Сенегал Египет и Мадагаскар.
Обединетите нации у ЕУ имаат донесено платформи за забрана на продажба на справи кои можат да се користат за имзачување луѓе, но кинескиот сервис не е баш расположен да проверува каде завршуваат производите од таа платформа.
Инаку, Алибаба е последниот миленик на Вол Стрит откако при излегување на берзата ги сруши рекордите постигнувајќи цена од 25 милијарди долари.