„Зад нас е времето кога македонската историографија, заштитена од моќната југословенска федерација, можела непречено да врши селекција на историската граѓа за македонската нација, па каде пишувало Бугарин да пречкрта и да напише Македонец. Сега можете да кликнете на интернет, да влезете во архивата на „Њујорк тајмс“ и да прочитате текст од нивниот дописник испратен во 1903, за бунтот на бугарското население во Крушево на Илинден. Значи, ние мораме да се прилагодиме кон историската вистина дека во минатото сме биле дел од еден ист народ“.
************
Неколку поздрави од Македонци спомнати од Њујорк тајмс, специјално за Денко Малески.
Фото и превод: Гоце Панговски:
ПОРАЗИ НА МАКЕДОНЦИTE
-------
Бројчаната супериорност на турските војници почнува да се покажува на дело.
----
Лондон Тајмс--Њујорк тајмс
Специјална телеграма.
Лондон, 4 септември, 1903--Известувачот од Софија за Тајмс вели дека иако за задушување на востанието во Монастир(Битолскиот) Вилает е испратен 80,000 аскер нема постигнато вистински прогрес, освен во последните неколку дена, кога успесите кај Смилево, Клисура и Невеска му овозможија на Назир Паша да испрати смирувачки пораки до Цариград.
Големата бројчана надмоќ на Турците и нивната супериорна опрема конечно се покажуваат на дело. Во Невеска Турците употребија пет батаљони и една артилериска батерија, во Клисура шест батаљони, а во Смилево пет батаљони и една арилериска батерија.
Систематското уништување на селата продолжува, очигледно со цел преку глад да се намалат револуционерите.
********
БАЛКАНСКОТО ВОСТАНИЕ СЕ ШИРИ
---------
Се вели дека во Битолскиот реон има 8,000 востаници
-------
МАКЕДОНЦИТЕ СЕ КОНЦЕНТРИРААТ
-------
Ќе се обидат да ги престретнат турските засилувања--Нови уништувања на села од двете страни.
-------
Софија 10 август, 1903--Претставниците на Македонскиот Револуционерен Комитет објавија изјава во која се вели дека бројот на возтаниците во битолскиот реон изнесува 8,000 и дека тие се вооружени со пушки купени во Грција.
Исто така се изјавува дека на 2 август 600 востаници уништиле три одреди на турски војници, вкупно 100, и дека го нападнале градот Кичево, но не успеале да го заземат. Сепак, востаниците го уништиле турското село Другово, чиишто жители му помагале на гарнизонот во Кичево.
Изјавата уште вели дека три христијански села Смилево, Крушје и Болно, близу Битола се сосема уништени од турскиот аскер.
********
ЗЛОСТОР НАПРАВЕН ОД ГРЦИ
------
Македонци натерани во куќи и живи изгорени.
Софија, Бугарија 19 јануари, 1908--Овде стигнаа вести за страшна трагедија што се случила пред неколку дена во селото Драгош, близу Битола, град во Македонија.
За време на празник (најверојатно Василица) додека селаните играле на пољаните во селскиот парк, голема група на Грци се нафрлиле врз нив и откако ги натерале во нивните куќи, ги запалиле зградите и живи ги изгореле .
Меѓу жртвите има жени и деца, и се вели дека се меѓу 25 и 45.
*******
МАСОВЕН МИТИНГ НА МАКЕДОНЦИ
Софија 15 февруари, 1903--Масовен митинг на Македонци беше одржан овде денеска за да се протестира против дејствувањето на Владата (бугарската) во растурањето на македонските комитети во Бугарија. Од митингот се побара одново составување на македонските друштва и правни казни за индивидуалните сторители.
Се извести дека се издадени потерници за апсење на Борис Сарафов, Јанков, и други македонски лидери.
Се вели дека Сарафов сега се наоѓа во Македонија кадешто организира востание. Неколку апсења на македонски лидери се направени во провинциските градови. Владата (бугарска) ќе ги процесуира уапсените.
********
МАКЕДОНЦИТЕ ДОБРО ОРГАНИЗИРАНИ
---------
Имаат дури и сопствен поштенски систем--Добиваат донации од странство.
Лондон Тајмс-Њујорк Тајмс
Специјална телеграма
Лондон, 8 април, 1902--Македонските револуционери не се засегнати од тоа што ѝ одговара на Европа, вели известувачот на Тајмс од Виена.
Сарафов (македонскиот лидер) нарочно вели дека Австрија и Русија немаат можност да се мешаат.
Известувачот вели дека методите на Сарафов многу личат на тие на анархистите, бидејќи се состојат во тероризирање на беспомошното население, додека вешто се избегнува турскиот аскер.
Револуционерите се извонредно организирани, и дури имаат и своја ефективна поштенска служба. Тие добиваат донации од странски симпатизери, и најверојатно ќе направат нови проблеми пред да бидат задушени.
********
"МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ"
------
(од нашиот известувач)
Софија 15 април, 1923--Ова утро огромна демонстрација беше направена во Софија во поддршка на македонците во Србија. Најмалку 40,000 луѓе, што е 20% од популацијата на Софија зедоа учество во процесијата што помина низ главните улици на градот. 32 одделни организации, секоја носејќи знамиња на кои стоеше „Македонија на Македонците“ маршираа во процесијата. Многу говори беа одржани пред собранието, но митингот беше сосема мирен.
Сите говорници зборуваа против српскиот режим во Македонија и изјавија дека Србите го тероризираат целиот македонски народ. Неколку говорници ги нападнаа бугарско-српските мешетарења направени во Ниш.
Ова попладне Македонците ќе предадат протестни ноти на бугарската влада и на претставниците на трите големи сили. Интересно е да се спомене дека Ракиќ, српскиот амбасадор тука, го следеше митингот од почеток до крај.
********