За разлика од 2008-ма кога компаниите ги намалија пакувањата ама ја задржаа цената, сега идејата е да се направи нешто што ќе го привлече вниманието на купувачот со ограничен буџет.
Па така производите кои се продавале во пакети или во "џамбо" пакувања сега се делат на парчиња кои се доволни за еден ден или за еден оброк. Една од главните работи која производителите сакаат да ја постигнат е да се задржат под психолошката граница од 1 евро.
Така, Нестле почна да нуди производи како Маги супи или зачини, во пакувања кои чинат под 1 евро, или поевтини верзии на кафиња под брендот Нес, како Мока и Лате верзиите. Слични мерки превзема и Унилевер со своите супи Кнор и детергентите за машини за перење садови.
Проблемот на Французите со овие промени е што и индустријата и потрошувачите се навикнаа на фамилијарните пакувања, кои се вклопуваат во нивниот начин и распоред на живот, кој не дозволува секојдневно одење во супермаркет.
"Во Мароко на пример, пакетите се помали и производите се купуваат на парче, посебно затоа што луѓето секој ден ги вршат работите. Ако имаат дете, ќе купат еден јогурт, ама секој ден ќе купуваат по уште еден," објаснуваат од консултантската компанија Роланд Бергер.