Еве што одговори Брак Обама на тоа прашање на Венити Фер:
"Да, добро сте забележале дека носам само сиви или тегет костуми. Се обидувам да го намалам бројот на одлуки што ги носам. Не сакам да решавам што ќе јадам или што ќе облечам бидејќи и онака премногу одлуки чекаат на мене. Морате да ја концентрирате својата енергија за донесување одлуки. Не можете да го издржите денот доколку се занимавате и со тривијлни дилеми."
За истото ова пред извесно време пишуваа угледни стручњаци за весници од типот на Њујорк Тајмс.
Еден од нив, Џејмс Тирни го промовираше и терминот "исцрпеност од одлуки". Тој тврди дека сите одлуки што ги донесуваме во текот на денот, меѓу кои и оние најбаналните што да се јаде или пие црпат енергија од ист извор. Затоа шопингот е толку исцрпувачки и после него човек не може и не сака да прави ништо друго.
А кога изворот е исцрпен, човек или донесува погрешни одлуки или пак одлуките ги одложува.
"Аха, ќе ја твитнам онаа моја слика по гаќи, зошто да не?" е класична реакција на ваква исцрепност кога последиците од некоја постапка не можат да се увидат до крај.
Истата состојба е виновна за упропастување брилијантни политички кариери како онаа на Елиот Шпицер, угледен, амбициозен и крајно дисциплиниран политичар кој беше уништен откако се откри дека најмил проститутка.
"Човекот седи како гувернер цел ден, носи одлуки, пресекува, решава битни работи.... на крај на еден таков ден, нормално е да помисли: Да, сега една курва добро би ми дошла", вели Тирни.
Тој дури тврди дека додека е во Белата куќа, Барак Обама не треба да пробува да ги откаже цигарите. Енергијата за исполнување на таа цел попаметно е да ја искористи за постигнување други цели како што се здравствената реформа. Тирни тврди и дека од оние "новогодишни заклетви" треба да се одбере само една и да се работи само на таа.
Успешни се оние луѓе кои успеваат да го минимизираат бројот на одлуки што ги носат. Таквите се фокусираат на една цел и ги подредуваат своите животи така да не мораат постојано да го пресушуваат истиот извор.