Ова е симптоматична реакција на американски потрошувач среде последната иницијатива за бојкотирање на најголемиот онлајн шопинг сајт Амазон.
Причина за последниот гнев кон Амазон е неговото мрцварење на книго издавачот Хачет. Се работи за голем издавач со кој Амазон има недоразбирања па му покажува мускули доцнејќи со испорака на нивни книги, дигајќи им ги цените и општо обесхрабрувајќи ги луѓето да купуваат нивни изданија.
Книго издавачкиот еснаф застана на страна на Хачет при што се слушнаа и идеи за бојкотирање на Амазон кој сè почесто се однесува како насилник користејќи ја својата доминантност за да диктира услови какви што само нему му одговараат.
Но, бладарејќи на стратегијата на Безос кој може да се дефинира како "доминација сега а пари после' а која се преточува во политика Амазон да се задоволи со крајно ниски заработки само за да се позиционира како главен, Амазон навистина стана преголема компанија која ги има форматирано купувачките искуства на Американците.
Сериозна причина поради која Амазон има лош јавен имиџ е нивниот однос кон вработените. Легендарен е бесрамниот потег на компанијата кога сакајќи да заштеди на ладење на просториите, држел амбулантни возила во близина на стовариштата за да можат да ги транспортираат колабираните работници.