Сериозен напредок во контролирањето на импулсивното купување е забележана во експерименталната група која доброволно била подложена на третман со лекот маментин. После 8 неделна терапија, утврдено е дека луѓето трошат и помалку пари и помалку време на купување, а притоа, несакани дејства на лекот не се забележани.
Опсесивно - компулсивниот шопинг е често психичко пореметување. 4 од 5 заболени се жени. Болеста се манифестира во неможност да се одолее на знакот "попуст", во неодоливата потреба да се купуваат работи кои не се потребни и во подготвеноста да се потрошат бескрајно многу часови барајќи "добра зделка" по продавниците.
5,8 проценти од возрасните се сметаат за тешки случаи. Таквите трошат над 60 проценти од своите годишни примања на импулсивен шопинг, претежно облека и се подготвени да минат 38 часа неделно талкајќи по продавници.
Маментинот кој првично бил создаден за третман на Алцхајмеровата болест, подоцна се покажал ефикасен и во состојби на аутизам а во најново време се тестира и за регулирање на опсесивно - компулсивни пореметувања.
"Таквите пореметувања во напредна фаза можат да ја променат архитектурата на мозокот. Шопингот ги презема нивните животи и тие стануваат комплетно опседнати со купување", вели клиничкиот психијатар Сесилија Феличе која верува дека со фармаколошка манипулација на мозокот може да му се сигнализира дека работи погрешно.