Пазариме црно во Скопје

Не дека ни треба изговор, ама ете (ќе) заладува (кај и да е, еве), има нови колекции, човек од црно не може да се умори, се комбинира со сè, плус доста се понашате ко да ви треба посебна причина да одите и да купите црна ташна. Што е битно која по ред.

Ги гледавте видеата за креирање модна капсула? Таму има одличен аргумент зошто треба да се инвестира во црно, или барем во неутрални бои. Продавнициве што нè опкружуваат можат да делуваат досадно, и тоа што е на слика на сајт знае да биде нешто сосема поинакво во гардероба, но, во чест на новата сезона, на новите колекции и мантрата „немам што да облечам”, да видиме што има:

Не може боље од боди во транзит сезона на „уште не сум навикната на ладното, излегов гола и настинав”. Особено кога е вакво што предизвикува инстант дотераност и згодноќа.

Бершка, 799 ден.

За кантри-сељанката сокриена длабоко во тебе (можеби во сите нас), Бершка има црна тексас јакна (малку украсена, сељанки не носат скроз црно) со ресииии. Уште да имаше на ракавите.

Бершка, 1990 ден.

Долго сако, затоа што како може да се нема вакво долго, црно сако во плакар. Внимателно, девојчето на сликата е високо 1,78, не нарачувајте преку интернет да не завршите во мантија.

Зара, 4990 ден.

Ако сè уште немате црн мантил, совршен за докај 15-ти октомври (и за најглупите меѓу нас докај крај на ноември затоа што „е да бе сеа, ќе се пикам у јакни”), има во Зара ваков. Класика, одличен.

Зара, 4990 ден.

Да им простиме на шарите заради моделот. Кратки чизми за со сè живо.

Зара, 3590 ден.

Бидете умни и инвестирајте во обична црна ташна. Би ви било попаметно да биде тоа некоја инвестиција од 100-200 евра, па тоа се носи со години. Ама, до тие 100-200 - еве од Бершка.

Бершка, 1190 ден.

(Со ТопШоп глас:) Дали и вие кога ќе помислите на фустан, помислувате на нешто обично чии што единствени категории се кратко/долго или за излегување/свадба?

(Со обичен глас:) Затоа што ова не е закопчано сако, ова еден од подобрите фустани што некогаш се појавиле во Зара.

После ќе идам до Зара.

3290 ден.

И бонус: Ако баш морате да додадете боја, тогаш нека биде ова. Мора да биде ова.

Да си ги поглеткаме малце.

Зара, 6990 ден.

 

19 септември 2017 - 14:06