Светот на возрасните, освен што носи потивки начини на забава, петоци по дома и легнување во кревет нешто порано од 4 сабајле (читај: 11), како да ти ја гаси потребата за имање на СИТЕ маици со досетливи натписи, поседување на сите можни материјали и парчиња во сите модни бои.
Кон крајот на неделата, се фаќаш себеси како ги носиш истите еднобојни кошули од минатата, како почесто се одлучуваш за Адидас Суперстар наместо за розеви штикли и како почнуваш да се крстиш во фармерки и хеланки, наместо омбре фустани како симнати од музички фестивал.
Ако е сè ова точно, веројатно имаш среќа. Затоа што очигледно е време за капсула.
Терминот е capsule wardrobe и е совршен за жени што знаат точно што носат и што можат да комбинираат. Идејата е квалитет пред квантитет и паметно планирање и инвестирање во парчиња кои траат и секое одговара со секое.
Дали е Џустин или Жустин (Леконт), престанува да биде толку важно, кога ќе загњуриш на нејзиниот прејак Јутјуб канал. Еднаш е пишана тука, заради мудростите за парфеми, а следачите ја обожаваат заради ведрината и умните видеа за мода, уметност и дизајн, чиј концепт е подлабок и поиздржан од милионите други лајфстајл и фешн комшиски видеа.
Не е многу битно на колку парчиња ќе се ограничиш - битно е да се ограничиш. Може звучи комплицирано за почеток, ама е многу ослободувачки. Леконт предлага 33 парчиња по сезона. Со тоа што некои се преклопуваат - црна маица се носи и со тексас јакна на пролет и со капут во зима. Фармерки со сè. Задржување на две-три бои, со тоа што ако ти се здосади, не купуваш нова боја, туку нова текстура.
А кога ќе се освои концептот - раат.
Прв дел:
Втор дел:
Уште нешто:
Плус, основни потреби: