Знакот кој (ви) недостасува

Интерпункција, вистинска

Дали одвреме-навреме чувствувате дека ви недостасува вистинскиот интерпункциски знак, кој прецизно би ги доловил вашите чувства, за да немате недоразбирање со веќе истрошените емотикони, три точки и извичници? Еве неколку предлози.

ElRey Mark (Знакот на Ел Реј)

Симбол кој изгледа како чудна комбинација на извичник со точка и горе и долу. Според фотографката Елен Сузан која го предлага, тој би требало да претставува „нешто помеѓу безживотната точка и надразнувачкиот извичник", ем љубезно ем ентузијастично, ама не преагресивно, какви што станаа извичниците (и тоа повеќе од еден) кои почнаа да се ставаат во наслови на вести. Идеално, би можел да се користи на крај од писма, на пример во „Благодарам!".


Ироничниот знак

Промовиран во 19-тиот век од Алкантер де Брам, овој знак укажува дека реченицата треба да биде разбрана „на друго ниво". Идејата е да се става не на почетокот, туку на крајот на реченицата, за да знаете уште од почеток како да ја толкувате.

Интеробанг

Целата драма и возбуда на „?!", без да морате да куцате два знака.

Љубовен знак

Изговорен, тој би требало да звучи отприлика вака: оуууу. Два заљубени прашалника кои веќе немаат дилеми, свртени се еден кон друг и делат иста точка. Промовиран од францускиот писател Ерве Базан во 1966, тој би требало да стои по изјави на љубов. Пример - сакам бурееек (и знакот).

Знак на сомнежот

Уште еден знак предложен од Базан, кој изразува скептицизам, без да морате да кревате веѓи (плус може и не ве гледаат).

СаркЗнак

Измислен од Пол Сак, можеби не е првиот интерпункциски знак за сарказам, но некако ни е најубав (заради спиралата).

Прашалникзапирка и извичникзапирка

Кога сакате да прашате или да изразите чудење среде реченица. Особено згодна за оние кои се изразуваат во долги реченици и не сакаат да ги прекинуваат.

Знак за авторитет

Кoга сакате вашиот читател да знае дека знаете за што зборувате. Во случаи кога тoj, хм, не можe тоа да го сфатат од контекстот. Типографски еквивалент на „Дечки, знам што зборам" или „Ја да ви кажам".

16 февруари 2013 - 10:33