
Најзанимлив дел од целата приказна е самата структура на состаноците од кои сите европски институции стрепат а граѓаните на Европа чекаат зрели, издржани и дебело поткрепени заклучоци.
Имено, според Варуфакис, тие состаноци имаат два дела:
Прв дел: Час и половина (некогаш и помалку) секој од присутните го кажува своето мислење и гледиште на темата.
Втор дел: Шест до седум часа дебата и ценкање како ќе изгледа коминикето кое ќе произлезе од состанокот!
Притоа, никој пред себе нема ни податоци, ни фајлови, ни ексели, ни табели ни ништо. Чисто политичко буткање на рака.