„Ајде да прогласиме пандемиска амнестија“ гласи предлогот за прочка во Атлантик на професорката од Универзитетот Браун, Емили Остер.
Во 2020-та и 2021-ва, таа беше жесток поборник за изолации. Го имаше поддржано задолжителното вакцинирање на студентите и работниците, беше од оние кои криминализираа средби со пријателите на кафе и од оние кои се чудеа како може луѓе до толку да инсистираат да се видат со блиски. Единствено „застранување“ од ковид правоверството беше кога праша до кога школите ќе бидат затворени.
Со овој памет сега, Остер жали за некои од ставовите што ги изнела. Нејзиното вадење се потпира на тоа дека оние кои бараа долги и ригидни карантини, цврсти рестрикции и вакцинација по секоја цена, „немале од каде да знаат во она време“. Вели дека не можела да претпостави дека вирусот тешко се пренесува на отворено, дека учениците се група со низок ризик и дека маските не вршат баш толку работа.
„Не, не можете толку жестоко да застапувате политики што засегаат други, спротивно на нивните желби, а потоа кажете: „Не знаевме ништо подобро во тоа време!“ Незнаењето не е изговор кога се укинуваат правата на вашите сограѓани во неопределена вонредна состојба, а истовремено се цензурираат оние кои ќе ги прогласите за неуки. Така ќе дојдеме до општество во кое послушност кон мислењето на толпата би била единствената безбедна позиција,“ коментира Мајкл Сенгер.
Многумина сепак беа свесни за овие нешта уште во пролетта 2020, но штом зинеа, ги правеа недоветни.
Иако Остер признава дека оние кои беа против карантини погодиле многу работи, не е одважна докрај и тоа го препишува на „чиста среќа“.
„Не требаше човек да е многу видовит за да предвиди какви опасности носи заклучувањето по дома. Тоа претставува најголема загуба на слободата во историјата на демократскиот свет. Негативното влијание што го имаше на економијата е рамно на она во воени состојби. Толкав број деца не биле лишени од училиште, уште од добата пред задолжителното образование. Што е уште полошо, оние кои укажуваа на ова, беа предмет на подбивање и цензура“, потсетува Лорен Смит.
Таборот кој се залага за строги изолации беше воден од страв а не од наука, не толку од фактите колку од авторитарниот импулс. Затоа секој обид за широка ковид дебата беше уште во зачеток напаѓан а секој кој ќе се посомневаше во исправноста на правилата беше озлогласен „анти-ваксер“.
Затоа и сакаа да се зезаат со смртта на невакцинираните, „со надеж дека се тоа лекции кои треба да се чујат“, како што еднаш напиша ЛА Тајмс.
„Јасно ви е зашто луѓето како Остер преферираат за ова да се зборува во минато свршено време. Но, не смееме да заборавиме на тие две авторитарни години, исполнети со нелиберални хистерични барања. Незаборавот е најдобриот начин да бидеме сигурни дека такво нешто нема да се повтори“, вели Смит.
Дополнително, „амнестија“, како чин на простување на минати гревови, најпрво подразбира извинување или чин на покајание од оние кои признаваат дека грешеле. Без извинување или покајание, тоа ќе му дојде исто како фашистичките лидери да бараа амнестија после губењето на војната.