„Зезање со смрт на анти-ваксер од ковид можеби е морбидно, ама е НЕОПХОДНО“ гласеа колумни во угледни медиуми во хистеричните времиња на пандемијата. Tие некогашни карантински апостоли сега пишуваат нови колумни во кои предлагаат да си простиме за тоа што си кажавме и правевме едни на други во црните денови на ковидот. А извинување, каму?