Таг: знаци

Човекот кој собира знаци „Не вознемирувај“ од цел свет

Некој Едвардо од Турин, Италија, пензиониран државен службеник кој на времето многу патувал, не само што собира хотелски знаци од оние што се ставаат на квака кога не сакаш да те вознемируваат, туку истите и ги архивира онлајн.

„Помирисај ги магарињата“ - сетилни ознаки за културното наследство

Ок, фино е да знаеме дека „во оваа куќа се родил тој и тој, таа и таа година“. Ама натписите кои го означуваат културното наследство не мора да се толку формални, полни забрани и исклучиво со историски податоци. 

Не е прстен туку скара на ќумур: што е со погрешните кинески тетоважи?

Во 2019, прославувајќи го успехот на својот нов хит сингл „7 прстeни“, Аријана Гранде си направи тетоважа на внатрешната дланка. Тоа требаше да бидат канџи - јапонски симболи за изразот. Но набргу се покажа дека тетовирала „мала скара на ќумур“.

Kaко да знаеш дека филмот е лош без да го гледаш

Со годините човек станува поскржав кон своето време, и кон сето она што непродуктивно му го троши. Досадните и глупите филмови после кои се чувствуваш како оставен со празни раце се едни од најфрустрирачките искуства, па макар траеле и само саат и пол. Како да знаеш дали вреди да се гледа некој филм, а да не е затоа што некој само ти рекол дека тој е „тиња“?

Споменик на неизбраните

Поддршката за одреден кандидат пред избори Американците имаат обичај да ја изразуваат и со тоа што пред куќи поставуваат билборди со неговото име. Но што ако тој (или таа) загуби?

Уметност од пораки на бездомници

Еден американски уметник, заради сопственото чувство на нелагодност и вина, почнува да ги откупува оние пишувани пораки со кои бездомниците и сиромашните се обраќаат на случајните минувачи. Собрани на куп, тие раскажуваат различни приказни, а некои од нив се обидуваат да бидат и хумористични. 

Интерпункција, вистинска

Дали одвреме-навреме чувствувате дека ви недостасува вистинскиот интерпункциски знак, кој прецизно би ги доловил вашите чувства, за да немате недоразбирање со веќе истрошените емотикони, три точки и извичници? Еве неколку предлози.