Едвардо Флорес од Италија поседува во физичка форма, и има архивирано стотина знаци „Не вознемирувај“ од целиот свет. На неговиот профил на Фликр ги има на различни јазици, некои само со конкретниот текст, но други прилично креативни, на пример без текст и само со ѕвездичка и месечина, или со балетска обувка поставена на прсти.
Овој државен службеник, кој поради својата позиција многу патувал, прв пат зел со себе ваков хотелски знак од патување во Пакистан пред 20 години. Така почнал да ги собира и наскоро ова станало „зависничко“ хоби. Секој знак за него раскажува некаква приказна, бидејќи тоа се спомени не само од службени патувања, туку и од приватни патешествија.
Тој ги повикува колекционерите на вакви знаци да разменат или да му донираат некои што ги нема. За жал не сме се сетиле да ги собираме, но никогаш не е доцна.