- Во изведба на Благој Нацоски и Андреа Скалцо, на 9. издание на PianoLab фестивалот во Италија првпат прозвуче најновата композиција „Море сокол пие“ од Дарија Андовска.
- PianoLab е мобилен фестивал на пијаното, кој од 2017 година ги обединува музиката и архитектурата преку концертни перформанси во историски вредни места на југот на Италија. Фестивалот го слави „кралот на инструментите“ – пијаното – во формат отворен за сите: професионалци, студенти и ентузијасти. Програмата се состои од соло рецитали, специјални настапи на светски пијанисти, воведни концерти и главен настан — маратон на пијано низ градското ткиво.
- Овогодишното деветто издание на Suona con noi — маратонот за пијано се прошири и со рецитали со глас и пијано. Се одржа на 11 и 12 август во три локалитети на Мартина Франка и 20 концерти во тие два дена. Рециталот на Благој Нацоски и Андреа Скалцо беше едно музичко патување од Хендл, преку Белини, Тости, Пучини, Масне, се’ до дела од Бенџамин Бритн и светската премиера на „Море сокол пие“ од Дарија Андовска, специјално напишана за оваа прилика и посветена на Нацоски.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.