- Некогашниот најдобар фудбал во Европа и голема ѕвезда на Барселона, Реал и Португалија, Луис Фиго по повод скандалозниот план на првиот човек на ФИФА Џани Инфантино да го приватизира Светското првенство и да продава акции вели:
- „Можам да напишам 10.000 збора за проблемите во ФИФА. Но одлуката стои во три точки: Инфантино да замине. Цел живот го сакав фудбалот. Бев професионален играч 20 години. И верувајте за цела кариера сум сретнал многу неприлики. Но ова што го видев во последните 10 дена е најниско, најлажливо и најлошо користољубиво поведение кое сум го видел. Човекот кој е способен на такво нешто сама сако да се збогати самиот и своите пријатели.
- Ако таа идеја била толку добра зошто не ја кажа пред челните луѓе на својата организација кога сите заедно се собравме во една соба пред финалето на Светско првенство?“
- Баерн Минхен го продолжи договорот со добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, до 30 јуни 2029 година.
- Англискиот напаѓач направи растур систем во дресот на германскиот гигант за кој има 156 гола на 161 натпревар. 146 во првите три сезони и 10 во оваа.
- Со Баерн освои бројни трофеи, меѓу и наградата за најдобар стрелец во Бундеслигата во секоја сезона, а оваа година беше прогласен и за фудбалер на годината во Германија. Двапати ја освои „Златната копачка“, а пред неколку дена и Златната топка.
- Капитенот на англиската репрезентација кој настапува во Минхен од летото 2023 година, освои две титули во германското првенство и Купот на Германија, како и два германски Суперкупа.
- Македонската ракометна репрезентација на најдобар начин ги започна квалификациите за Европското првенство во 2028 година, откако го декласираше Луксембург со 41-23.
- „Не ми е најважен резултатот, туку пристапот и начинот на кој игравме. Имавме темпо во текот на сите 60 минути, што воопшто не е лесно за нашите македонски услови, без разлика што противник беше Луксембург. Им честитам на момците за сработеното“, заклучи Лазаров.
- „Имаме три дена до натпреварот со Грција, каде што нè очекува пеколен меч против одлична репрезентација. Ќе пристапиме максимално сериозно и мораме да бидеме подготвени за сите можни сценарија. Ќе се обидеме психолошки да се подготвиме за она што нè очекува“, порача селекторот.