Нов застрашувачки удар во втората шпанска лига

Само еден ден по хоророт со фудбалерот на Тенерифе, нова брутална епизода и тоа повторно во втората шпанска лига на мечот Албасете - Сабадел 2:1. Хосе Корпас се местеше да шутира во гол на волеј, но место топката ја удри главата на нигерискиот фудбалер на Сабадел, Квадри Лиамид, но без никаква намера. Корпас доби црвен, а Лиамид се онесвести, но за среќа без фатален епилог. Од болницата во Албасете веднаш го пуштиле на домашно лекување.

4 ноември 2026 - 09:43