Главниот арбитар на мечот меѓу Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати и иранскиот Гол Гохар судеше само едно полувреме откако играчите забележаа дека начукан го суди мечот.
За време на првите 45 минути, Сириецот Хана Хатаб делувал целосно дезориентирано, носел конфузни одлуки, а кулминација на хаосот биле моментите кога покажувал картони на фудбалери кои воопшто не биле вклучени во дуелите.
Потоа при една ситуација викна ВАР и за време на прекинот кој траеше долго, им гестикулираше на играчите да не му се доближуваат. На снимката се гледа дека дел од нив бурно реагираат кога го осетиле дека смрди на алкохол.
Делегатите на натпреварот реагирале на паузата и го замениле со друг судија за да може средбата регуларно да продолжи во вториот дел. Се очекува официјална реакција и ригорозна казна од Азиската фудбалска конфедерација.