90 минути, секој натпревар, трчаат, посматраат, судат, се расправаат, трпат мајки шаки, а контакт со топка нула. Во Холандија еден се запиша на листата на стрелци.
Обично немаме можност да ја слушаме комуникацијата на судиите со играчите, тренерите и неговите помошници. Ама еве и такво нешто. Смирен, позитивен, насмеан и пред сè комуникативен со сите. Знае како да комуницира, ама и да слуша. Роден судија.
Шкотска - Англија, 30 ноември, 1872-ра година. Тогаш се случува револуцијата со првиот судија на фудбалски натпревар. Каков бил? Голем, дебел и непристрасен. Немал свирче, туку бело марамче.
На мечот Лече - Сасуоло 1:1, камерите во тунелот уловија скроз неочекувана и несфатлива ситуација. Главниот судија Хуан Лука Саки ја рецна својата помошничката Франческа Ди Монте и одби да ја поздрави, а таа остана збунета. Случајот стигнал дури до федерација, а италијанските медиуми пишуваат дека можна е суспензија.
Хит видеото кое од БиХ се рашири регионално се случува на нисколигашки меч во Градишка. Медиумите од таму информираат дека интервенција била успешна и судијата си отишол дома читав. Па ваква случка немало до сега никаде во свет. Викнете ги СиЕнЕн.
Ретки сцени беа видени викендов во Серија А на мечот Рома - Фрозиноне. По еден ненамерен судир со играч на Рома, главниот судија се пожали на мускул и најверојатно го фатило грч.
Не знаеме што точно се случува во нашата четврта лига, ама сигурни сме дека до сега не се случило судија да постигне гол и мртов ладен да го признае. Холанѓаните тоа го доживеаа во истиот ранг. Неверно.
Наместо строги, ригидни судии со кои не можат да разменат ни добар ни лош збор, Матеу Лаоз важи за арбитар со кого играчите може да продискутираат за временска прогноза, за отворени кафулиња или за автоделови.
Вакви сцени за среќа веќе одамна нема во нашите балкански трети, четврти лиги каде обично на судиите пред да гостуваат им фрлаа водичка за среќа. На решавачкиот меч за пласман во прва лига на Узбекистан меѓу Нефтчи и Туран се случил варварски напад на судијата кого стотина морони го бркаат и тепаат по теренот небаре е волк кој дошол да им ги краде овците во село.
Судијата мора секогаш да следи добро 90 минути за да не пропушти некој спорен момент, а овој во Јапонија ептен се најде и во игра, во обид едниве да организираат брз напад.
Сериозно обемна научна студија покажала дека едно сецкање на мечот за прегледување на ВАР трае во просек 40-ина секунди. А активно се игра фудбал 52-56 минути, прекините за спремање слободен удар, аут, прекршоци, изведување корнери итн. изнесува 30 минути. Па стрпете се за поправеден фудбал.
Реномираниот портал Calciomercato направи рендген на судењето во Серија А поле 30 одиграни кола. Приметени се многу груби судиски грешки кои можеле да влијаат или влијаеле на конечниот исход на мечот.
Ние сме мислеле дека во балканските трети лиги има сè и сешто на фудбалски терени, ама во Јужна Африка се дефинитивно полуди. Некој цреп бил изиритиран од судиски одлуки, па решил да го брка со џип по цел терен.
Фудбалска вест на неделата е триумфот на Аталанта над Валенсија од 4:1. Еден од хероите на мечот беше Аргентинецот Алехандро Папу Гомез, лидер на тимот и најдобар асистент.
После мечот од 4-та холандска лига меѓу Харкемас Бојс и ХСВ Хоек може да кажеме дека сме виделе сè. Еден од стрелците на мечот беше и главниот судија кого топката го удри во лева нога и заврши во мрежата по хаос во шеснаесетникот. Мртов ладен го призна голот со кој Хоек намали на 3:2 и покажа кон центарот. На крајот мечот заврши 4:2.
Ќе речеш Индија е ова, не знаат кај тераат, ама не сме виделе до сега волку брза реакција на судија кој тргна да спасува живот. Браво, не сакаше да ризикува ни секунда.
Техничкиот комитет на шпанските фубалски судии објавил како главниот судија на Ел Класико Хозе Марија Санчез Мартинез комуницирал со колегите за време на епизодата со пеналот на Варан над Луис Суарез.