Во Италија судиите најмногу грешат во корист на Јувентус и Џенова, Аталанта најоштетена

Реномираниот портал Calciomercato направи рендген на судењето во Серија А поле 30 одиграни кола. Приметени се многу груби судиски грешки кои можеле да влијаат или влијаеле на конечниот исход на мечот.

Непостоечки пенали или недосудени чисти пенали, непостоечки црвени картони или непокажани чисти црвени картони, признаени или непризнаени голови. Ова се само дел од грубите судиски грешки сезонава во А.

Според рејтингот на клубовите во Серија А по судиски грешки:

1. Џенова, 6 грешки во нивна корист, 1 грешка против нив (+5)
2. Јувентус, 6 грешки во нивна корист, 3 против нив (+3)
3. Лацио, 6 грешки во нивна корист, 3 против нив (+3)
4. Удинезе, 4:1 (+3)
5. Интер, 7:5 (+2)
6. Каљари, 3:1 (+2)
7. СПАЛ, 1:0 (+1)
8. Фиорентина, 6:5 (+1)
9. Сампдорија, 4:3 (+1)
10. Лече, 4:4 (0)
11. Верона, 2:2 (0)
12. Бреша, 0:1 (-1)
13. Торино, 1:2 (-1)
14. Сасуоло, 5:6 (-1)
15. Парма, 2:4 (-2)
16. Наполи, 2:4 (-2)
17. Рома, 0:2 (-2)
18. Болоња, 3:5 (-3)
19. Милан, 1:4 (3)
20. Аталанта, 2:9 (-7)

7 јули 2020 - 11:21