Таг: пенал

Па еднаш и судија да добие црвен картон

Треба и суспензија да добие од неколку натпревари за да види како е.

Ново смешно видео со голман што пред време се радува

На времето многу актуелно беше видеото на кое еден голман се радува и трча од среќа поради одбранет пенал ама топката на крај му завршува во гол па противниците последни се смеат. Епа исто се случило, во Читрал во Пакистан.

Ваков пенал во Шишево не е досуден

Во женскиот фудбал во Шведска, судија се надмина себе си во критериумите за тоа што е пенал. Одлуката е нереална и ова е срамота и на ВАР да се прегледува. Го досуди за градење топка.

Пенал за Манчестер Јунајтед е јас кога ќе кажам

Главниот судија на мечот Манчестер Јунајтед - Лидс Јунајтед за играчи до 18 години и да сакаше не можеше да донесе полоша судиска одлука од оваа. Изгледа син му игра за Лидс или па на три корни пенал се договорени.

Гол од пенал кој не можеш да го сконташ на прва

Во Мексико беше изведен удар од 11 метри кој ако се случеше во некое финале во последна серија, притисокот 200. Личи дека ја промаши, а уствари е чист гол. Стрелец Нико Лопез од Тигрес кој не ја погоди мрежата, туку стативата, ама таа што е внатре.

Коментатор на ЕСПН се опушти во пренос во живо

Човекот е 100% прав иако тоа не го изведе на префинет начин. За време на пријателската пред Евро2020 меѓу Франција и Велс, а која домаќините ја добија со 3:0 (Мбапе, Гризман, Дембеле), ѕвездата на ПСЖ во еден момент проба да изглуми пенал. Еве што имаше да му каже коментаторот од ЕСПН.

Кога мислиш голманот е луд, а судијата да ти бил полуд

Во една пониска лига во Бразил, на меч меѓу Комерсиал и Коста Рика, гостинскиот фудбалер Жоаозињо изведува пенал а домашниот голман Мартинс прави нешто што стварно одамна не се видело. А најлуд е судијата кој го признава ударот.

Имаше ли пенал за Македонија?

Кај гол не можевме да им дадеме на толку шанси, па нишанот проработе после 80 и кусур минути, па уште и пенал не добивме кој веројатно го имаше во 67-ма минута кога Ристовски се обиде да проигра во опасната зона.

Голманот на Еибар му даде гол на Атлетико Мадрид

На мечот Еибар - Атлетико М. во 12' минута беше досуден пенал. Тренерот на домаќините Мендилибар му дозволил на српскиот репрезентативен голман Марко Дмитровиќ да го изведе, со цел ризик ако му го одбранат да се отвори брза контра. Дмитровиќ беше сигурен реализатор за 1-0.

Најглупавата голманска иновација на бранење пенал

Ќе му стојам скроз десно за да го навлечам да ми шутне лево беше маалска фора во 90-те и таму заврши. Арно ама се најде голман во руската втора лига, со цел памет да го проба тоа на официјален меч. Не му се смее цел свет.

Најдолгиот пенал на светот изведен во Чиле

На 15 октомври во 15. коло од чилеанската Прва дивизија играле Курико Унидо и Универзидад Католика. На стадионот во еден момент избил пожар и снемало струја, па мечот се прекинал во 49 минута.

Правилото според кое сезонава ќе гледаме многу повеќе пенали во Премиер лига

Англиските критичари остро ги нападнаа новите критериуми за пенал од игра со рака. На Серија А тие ланска сезона и донесоа 57 удари од бела точка, на Ла Лига 48, а Премиер лига имаше 19 ама тераше по старо. Од оваа сезона ако сакаат помалку пенали, рацете на газ.

Во Италија судиите најмногу грешат во корист на Јувентус и Џенова, Аталанта најоштетена

Реномираниот портал Calciomercato направи рендген на судењето во Серија А поле 30 одиграни кола. Приметени се многу груби судиски грешки кои можеле да влијаат или влијаеле на конечниот исход на мечот.

Реџо Калабрија и Реџина и после 30 години го памтат овој гол

Еден од најлегендарните моменти од клупската историја на Реџина (ви текнува на некогашниот прволигаш во Серија А од јужниот град на 'штиклата'), е еден пенал од Рикардо Пачоко, изведен на денешен ден во 1990-та година. Играле Реџина - Триестина (2-1) и Пачоко постигнал гол од пенал со рабона.

Судија вратен од карантин

Веројатно нема до волку да излезат од штос а?

Пеналот на Волфсбург и шут во орбитата

Во Лига Европа синоќа се одиграа неколку натпревари од Лига Европа а две средби и покрај сите препораки, се одиграа со публика: во Турција и во Шкотска. А во Германија на мечот Волфсбург - Шахтјор (1:2), два промашени пенали уште во прво полувреме. Прво гостите, па домаќините преку Вегхорст.

Луда завршница во Турција каква што никогаш немало

Нови правила за голманските дејствија има во многу спортови. За оние кои не знаат, од минатото лето при ударот од 11 метри (пенал), голманот мора да остане со едната нога на линијата до самиот удар (народски не смее да излагува со двете нозе).

Најчудниот пенал некогаш досуден во Германија

За време на дуелот меѓу Холштејн Кил и Бохум во германската втора лига, домашниот резервен играч Михаел Ебервејн се загреваше зад голот. После еден шут топката тргна кон гол-аут, но Михаел ја сопре. Според правилникот, судијата има право да досуди пенал поради овој прекршок. По прегледување на ВАР, судијата Тимо Герарх тоа и го направи па Бохум си доби пенал.

Не ми се смејте да не се лизнам и ви дадам гол

Не е секој кадарен за удар од белата точка. Или подобро вака. Никој не може ова да го извежба за да го повтори. Некои потези во фудбалот се уникатни и единствени.

Најспориот пенал на светот, дур ја изведе се стемни

Барнсли имаше 2-1 против Чарлтон во англискиот Чемпионшип, а гостите добија совршена шанса во 89’ минута да израмнат од пенал. Лил Тејлор ја намести топката, и го заспа гледалиштето додека изведе.

Ричарлисон ѝ го посвети голот на баба му, ама заборави како се вика

Напаѓачот на Евертон важи за еден од подобрите бразилски фудбалери на денешницата. Поседува страшна техника, експлозивност, одличен дриблинг. На Копа Америка го пропушти четвртфиналето против Парагвај поради заушки, но брзо се врати во составот.

Играчите на Арсенал се загреваа, публиката побара да легнат за пеналот

Додека Пјер-Емерик Обамејанг се спремаше да изведе пенал за 2-0 против Манчестер Јунајтед, крај аут-линијата се загреваа Гендузи, Алекс Ивоби и Суарез. Гледачите од првите редови им бараат да легнат, за да може да го видат пеналот.

Сте го виделе ли Кепа во Турција ама со среќен крај?

На мечот Генчлербирлиги - Ризеспор се случил исто голем циркус како со голманот на Челси. Камерунскиот шпиц Леонард Квеуке влегол во жестока караница со тренерот Караман околу изведувачот на пеналот. Квеуке решава да шутира и израмнува на 2-2, ѓаволски го пцуе тренерот, а после во 92’ минута носи победа од 2-3 со еврогол и се расплакува.

Гаљардини од Интер на мобилен му покажуваше за пеналот на судијата

Додека се играа две мега дерби средби во Англија меѓу Јунајтед и Ливерпул и Сити и Челси кои завршија досадно 0:0, во Италија Фиорентина и Интер одиграа луд меч со дури 6 погодоци.