Голманот на Еибар му даде гол на Атлетико Мадрид

На мечот Еибар - Атлетико М. во 12' минута беше досуден пенал. Тренерот на домаќините Мендилибар му дозволил на српскиот репрезентативен голман Марко Дмитровиќ да го изведе, со цел ризик ако му го одбранат да се отвори брза контра. Дмитровиќ беше сигурен реализатор за 1-0.

До крајот од мечот Луис Суарез со 2 гола му донесе триумф и златни 3 бода на Атлетико во борбата за титулата.

Ова е првпат после цели 19 години голман да даде гол во шпанска Ла Лига. Претходен голман кој погодил од бела точка бил Начо Гонзалес од Лас Палмас на 3. март 2002 година против Атлетик Билбао.

Претходно гол во Ла Лига дале следните голмани: Сантамарија, Феној, Чилаверт, Пратс, Гонзалес и Аранзубија. Србинот Дмитровиќ сезонава има и 2 одбранети пенали во Ла Лига.