Против Перу во финалето на Копа Америка 2019 влезе во игра во 75’ минута наместо Фирмино, а во 91-ва даде гол од пенал за конечни 3-1. После мечот голот го посветил на баба му која заборавил како се вика, а кога се сети се врати пред камерата.
„Хмм... Заборавив. Сега се блокирав“, рекол Ричарлисон кога репортерот го прашал кому го посветува голот.
„Тука е баба ми, заборавив како се вика. Како што кажав и порано кога го прославив повикот во репрезентација, ако дадам гол тоа ќе биде за мојата сакана баба која е овде на 80 и нешто години. Фала му на Бога и на неа на која ѝ го посветувам голот.
Obrigado pela maravilhosa cena pós-créditos, Richarlison ❤️ pic.twitter.com/vWR4mPajYW
— Trivela (@trivela) July 7, 2019
Бразил ја освои Копа Америка првпат после 2007 година. Голот во финале беше единствен за Ричарлисон на првенството. Во сезоната 2018/2019 постигна 13 гола, повеќе од неговите сонародници од Премиер лигата Фирмино (12) и Фелипе Андерсон (9).
Приказната за фудбалскиот пат на Ричарлисон и начинот на кој изведува пенали