Таг: баба

Сте слушнале за фобија од тешта?

Официјалното име е пентерафобија, и доаѓа од старогрчкото „пентера“ што значи мајка на сопругата, кај нас баба или тешта. Значи не зборуваме за ситуации кога таа е извор на нервоза или е просто несимпатична, туку за екстремен страв од неа.

Ако си млад и ти е тешко да вежбаш не го гледај видеово

Лорен Брузон има 73 години и сè уште оди во теретана. Ама чекајте да видиме како оди кога ќе влезе внатре.

Мексиканска баба готви на Јутјуб

Онаква баба оригинал со бројни слави, прослави и слични масовни јаденки во резиме (со нејзина забелешка: мене ми е срам ова што го правам, а не па по интервјуа ме викаат), во кујната во двор, и ќерка и позади камера. Без тоа графики, ефекти, спонзори, па снимано од горе, па непотребни тупења (#заситештопрашувате), па кликни субскрајб, јок, чисто само баба и готвење. Рецептите се на шпански, ама пак некако ќе ги разберете.

Ричарлисон ѝ го посвети голот на баба му, ама заборави како се вика

Напаѓачот на Евертон важи за еден од подобрите бразилски фудбалери на денешницата. Поседува страшна техника, експлозивност, одличен дриблинг. На Копа Америка го пропушти четвртфиналето против Парагвај поради заушки, но брзо се врати во составот.

Си била една баба и жонглирала на плажа

Што сè човек нема да види на плажа во летниот период од годината. Бабава жонглира подобро од многу врвни фудбалски мајстори.

Бабата чија последна желба пред да замине била да го гледа хокеарскиот тим

Карин Беренд има 75 години и го обожава локалниот хокеарски клуб Хамбуршки Крокодили, но прикована е за кревет и смртно болна. Името на нејзината болест не е објавено.

Стари навики

Кога некоја узречица ќе ти влезе во систем џабе после цел живот одвикнување... посебно ако не ти е до одвикнување.

Браво бабе, до 100 години да навиваш вака

Дрес на Јуве, шал на Јуве, знаме на јуве, бела коса, црни кондури, па уште и црно бели чорапи. Години? Накај 80. Три, два, еден, сега. Царица е.

Бабе каде со раката?

Брага славеше на гостувањето против Маритимо со 1:3, а на третиот гол камерата снимаше во публика и улови баба која со раката почна да...

Бабата која жонглира од 1940-та

Жонглира од пред втора светска војна бидејќи има 90 години, а рекордот тврди дека и е 1003 пати.

Аргентинска супер бабичка

Страста кон фудбалот во јужна Америка е од неверојатни размери, но после ова што го видовме, сигурни сме дека за нејзината љубов кон омилениот клуб само небото е граница.

Баба ли е Меси ли е?

Откако децава не можеа да жонглираат повеќе од три пати, на сцена стапи супербабичка која почна да прави чуда со топката. Ликот не можеме убаво да и го видиме, а и според движењата тешко дека се работи за некоја баба.

Како изгледа кога интернетот помага

На 13-ти март, украинската новинарка Олена Данко пишува краток текст на својата Фејсбук страна во кој раскажува за средбата со една старица во супермаркет, која имала доволно пари за да купи 1 компир. Веднаш по ова "украинскиот интернет" се крева на бунт (без многу ќар за старицата).

Еволуциското значење на бабите

Должината на животниот век на човековиот род еволуирал во најголем дел заради тоа што бабите биле тука за да се грижат за помладите.