Хипотезата на баба е дело на Кристен Хокс и Џејмс О'Конел. Според нив, додека се уште сме се развивале како вид, повозрасните жени помагале во собирање на храна за децата на нивните деца. Со тоа тие им дозволувале на своите ќерки, побрзо да имаат уште деца.
Во математичкиот модел што го има направено Хоукс (како одговор на една студија што ја оспоруваше нејзината хипотеза), човековиот род на почетокот имал ист очекуван животен век како и мајмуните. Меѓутоа разликата била што женките кај останатите примати не успеваат да живеат подолго отколку што е потребно за раѓање деца. За разлика од нив, жените кај човекот ја надминувале оваа граница и успеваат да помогнат во одгледувањето на своите внуци / внуки. Нејзината равенка покажала дека по помалку од 60.000 години, присуството на баби за два пати го зголемило животниот век на луѓето.
Хоукс објаснува дека присуството на бабите му помогнало на човештвото да може на мира да се занимава со многу покомплексни работи (како развивање алатки за лов), знаејќи дека некој се грижи за нивните деца.