Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Зохран Мамдани, прв муслимански градоначалник на Њујорк

5 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Кандидатот на демократите Зохран Мамдани првиот муслимански градоначалник на Њујорк. На изборите, кои на некој начин беа референдум за првите десет месеци од власта на Трамп, Мамдани освои 50,4% од гласовите пред независниот Ендру Куомо (41,6%) и републиканецот Куртис Слива (7,1%).
  • „Демократскиот социјалист“, како што се претставува прогресивецот, до пред некој месец беше непознат за пошироката јавност. Во кампањата ветуваше дека ќе ги оданочи милионерите за да ги прошири социјалните програми. Ветуваше бесплатен автобуски превоз, универзална грижа за деца и намалување на кириите.
  • Претседателот Доналд Трамп ги повика њујорчани да гласаат за поранешниот демократ Куомо и се закани дека ќе ги укине федералните средства за Њујорк ако победи „комунистот“ Мамдани. 
  • „Во овој момент на политички мрак, Њујорк ќе зрачи светлина“, изјави Мамдани. На претседателот Трамп му порача дека „градот во кој доживеал подем може да го порази“.

  • Кандидатите на демократите победија и на изборите за гувернери на Вирџинија и Њу Џерси. Калифорнија изгласа прекројување на избирачките единици за конгресмени, во полза на демократите.
извор

Почина Мишо Хрњак од Азра

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
  • Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна. 
  • Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка. 
  • Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
извор

Еверест веќе не е највисоката планина?

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
  • Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
  • Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
  • Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

3

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
4

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Фолксваген не може да си дозволи „Голф“ на струја

Бизнис
7

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Македонштина
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

3

Еверест веќе не е највисоката планина?

4

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
7

Почина Мишо Хрњак од Азра

8

Почина Мишо Ковач

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Од Африканецот

Научникот кој ги одбрани мастите

Не остана Шабан на светов

Долга е раката на Русинот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy