Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Манијак ја нападна претседателката Шeјнбаум

6 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Мексиканската претседателка Клаудија Шeјнбаум ќе поднесе обвинение против мажот што ја нападна додека таа на прошетка низ Мексико Сити разговараше со граѓани. Мажот ѝ се приближил одзади, ја допирал по телото и се обидел да ја бакне. Тој бил уапсен и било утврдено дека бил пијан.

  • „Ова го трпат сите жени во нашата земја. Ако ѝ го направат ова на претседателката, што се случува со сите други жени во земјата?“ изјави Шeјнбаум. Таа уште во кампањата најави дека ќе стори сè за да ги заштити повеќе жените, но досега нема резултати. Дури 98% од сите случаи на убиства на жени завршуваат без казна за обвинетите.
  • Инцидентот го истакнува и ризикот со кој со години наназад се соочуваат политичарите во Мексико. Пред само неколку дена градоначалникот на Уруапан, Карлос Алберто Манзо Родригез, беше застрелан седум пати од вооружен маж на прославата на Денот на мртвите. 
  • За време на кампањата спроти изборите во јуни 2024 година беа убиени 37 кандидати. Во 1994 година, претседателскиот кандидат Луис Доналдо Колосио Муриета беше застрелан на митинг во пограничниот град Тихуана. Пред пет години картелот Халиско го изрешета конвојот во кој се возел Омар Гарсија Харфух, актуелниот министер за безбедност.
  • Наспроти ризикот, Шeјнбаум не се откажува од навиката да се среќава со народот на улица. „Не можеме да се дистанцираме од луѓето. Тоа би значело да негираме од каде доаѓаме и кои сме“, изјави претседателката.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Почина цајканот од сељаците

Музика
2

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
3

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
4

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
5

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
6

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
7

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
8

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

Фудбал
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

3

Важна информација за битолчани

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

6

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
7

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

8

Имигрантите зад бумот на ВИ во САД

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

300

Зошто јадењето месо во Америка е како да се храниш во аптека

Ме радува што прасечките уши станаа хипстерска храна

Чолa, јака ти душа

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy