Како изгледа кога интернетот помага

На 13-ти март, украинската новинарка Олена Данко пишува краток текст на својата Фејсбук страна во кој раскажува за средбата со една старица во супермаркет, која имала доволно пари за да купи 1 компир. Веднаш по ова "украинскиот интернет" се крева на бунт (без многу ќар за старицата).

Два дена подоцна, постот на Данко успева да го добие следното внимание (и ова е само делумна листа од споделувањата):

- Оригиналниот пост на Данко има 4.000 шерови

- Принт-скринот што Микола Коканивски го прави од постот на Данко, е споделен повеќе од 2.500 корисници на Фејсбук.

- 3.600 споделувања на принт-скринот од веста на Данко објавен на Фејсбук групата на Improvement Witnesses Church (Церковь Свидетелей Покращення).

- 8.800 лајкови на принт скринот од веста објавен на групата на The Brutal Men Club, на руската социјална мрежа ВКонтакте.

- Уште 2.400 лајкови на принт скринот од веста објавен на групата на навивачите на фудбалскиот клуб Карпати Лвив.

- Веста е преведена и на руски.

Иако се е тоа фино. Проблем е што после целата оваа бука по мрежите, бабичката веројатно и натаму има пари само за еден компир.

------

Оригиналната сторија (линк):

Бев во супермаркет. Кај зеленчук една жена мереше еден!!! компир! Кутрата продавачка беше запрепастена. Исто и јас. Старата жена ни рече дека платила кирија, режиски трошоци, лекови и сега преживува со она што и останало. Денес може да си дозволи само еден компир и четвртина црн леб. Бев шокирана. Набрзина и наполнив цела торба со компири, ги платив на каса и ѝ ги дадов. Таа беше засрамена, а потоа најдлабоко ми заблагодари и заплака. И јас плачев враќајќи се накај дома. Кесата компири чинеше само 6 хривнии (35 денари). Каква земја е ова, кога лустерите (во претседателската резиденција) чинат милиони, рачните часовници на пратеници чинат стотици илјади долари, милијарди долари се перат (непостојни поправки на патиштата) а една стара жена стои тука и мери еден мал компир??? Каде по ѓаволите се вашиот напредок? Сите би ве запалила!!!

16 март 2013 - 15:05