Со многу пантомима и малку професионални скрупули, Караџовски помисли дека ако мафта со рацете симулирајќи го нашиот кас по пешачките патеки на кои ќе бидеме казнувани, ние стварно ќе замислиме како дигаме прашина полна со коронавирус која потоа ја вдишуваме и паѓаме покосени од болештијата. Или пак ја лечиме со природната кислородна поддршка на кафаната. Бру-ка.
Другиот човек во видеото е професорот Пановски, човек кој, за среќа, уште верува дека постои нешто што се вика срам.
Инаку, детали за научната студија на која се повикуваше професорот Пановски, во која од 25.000 случаи не е најден ниту еден кој се заразил од тн. секојдневен живот на отворено, имате овде.
Докторе Кaраџовски, можеби ви годи на суетата на зрелите години дека сте убедиле еден премиер да воведе задолжително носење маски на отворено (бидејќи и Заев даде слично „објаснување“ како со одење сме ја буричкале прашината).
Сепак, треба да се сетите дека истиот тој човек, година ипол беше убеден дека зборува со Порошенко.