Немањето дивата брокула не се должи ниту на уништување на нејзината природна средина, ниту пак расте на некои егзотични недостапни делови, туку таа никогаш не ни постоела, едноставно создадена е во лабораторија и од таму трга во оптек низ свет.
Брокулата, карфиолот, кељот и прокељот (а и некои други) имаат заеднички предок и доаѓаат од едно исто растение кое живее околу Медитеранот, со латинско име Brassica oleracea italica. Растението познато како „дива зелка“ се верува дека прв пат е откриено и консумирано пред повеќе од 2.000 години од античките Етрурци (група луѓе која живее на територијата на денешна Италија и која со тек на време ја создава Римската империја).
Етрурците како искусни одгледувачи на растенија посебно ја ценат дивата зелка заради нејзината издржливост на лоши услови и толеранција на сол. Проблемот што го имаат со ова растение е што тоа раѓа само мали пупки, и овие пупки ги пушта еднаш на две години. Етрурците почнуваат селективно да ги одгледуваат растенијата, создавајќи потомства кои почесто пуштаат пупки и растат поголеми листови, и со тоа обезбедувајќи повеќе храна.
Кељот е првата сорта од ова растение кое е „припитомена“, тоа се појавува некаде околу 500-та година п.н.е. и има далеку поголеми листови од својот претходник.
Понатамошната селекција на кељот, некаде до 100-та година од нашето доба, создава зеленчук со погусти и покомпактни листови околу средишното јадро - зелка.
Европејците продолжуваат да го одгледуваат ова растение, но ним повеќе им се допаѓа вкусот на несозреаните пупки, отколку на целосно пораснатите листови. Ова доведува до селекција на растенија кои создаваат голема крошна од мали, несозреани пупки - карфиол и брокула.
По некое време белгиските ботаничари почнуваат да работат на растение кое ќе има подолго централно јадро, но пупките ќе бидат повеќе оддалечени една од друга и ќе им биде дозволено повеќе да израснат - прокељ или Brussels sprouts.
Денес речиси целата брокула во светот доаѓа од Кина и Индија, двете земји произведуваат над 70% од целата брокула што се јаде низ светот.
И сега, за ГМО што правиме?