Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Европа ја кани Русија назад во Г8

24 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европските сојузници на Украина се согласија Русија да се врати во Групата осум најразвиени земји Г8. Тоа е една од ретките отстапки за Москва во апсурдниот план на Германија, Британија и Франција, претставен како алтернатива на планот на САД за крај на војната во Украина.
  • Седумте најразвиени земји - САД, Британија, Германија, Франција, Италија, Канада и Јапонија, во 1976 го воспоставија форматот Г7 заради координирање на политики. Во 1997 година им се придружи Русија, со што форматот се прошири на Г8.
  • Русија беше исфрлена од групата во 2014 година поради поддршката на сепаратистичките сили во Украина по Мајданската револуција. Доналд Трамп неодамна оцени дека западните земји направиле голема грешка кога колективно ја отфрлиле Русија и го напуштиле форматот Г8.
  • Претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков, во мај забележа дека Русија повеќе не е заинтересирана за Г8, бидејќи се фокусира на поинаков формат за економски развој.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Почина цајканот од сељаците

Музика
2

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
3

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
4

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
5

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
6

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
7

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
8

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

Фудбал
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Важна информација за битолчани

3

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

6

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
7

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

8

Имигрантите зад бумот на ВИ во САД

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како се победуваат параноични? Признај им сè

Ни шпенадли немаат

Пресметка

Скриените политички пораки на Евровизија 2015

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy