Фатва на надбискуп од Ватикан:

Сорос и Фаучи треба да се во затвор

Католички надбискуп во немилост на Ватикан ја обвини глобалистичка елита дека преку моќните западни влади спроведува сопствената агенда на строга контрола на луѓето, бранејќи ја со цензура, заплашувања и апсења. Наместо борецот за слобода Рајнер Филмих, зад решетки треба да бидат Ентони Фаучи, Џорџ Сорос, Бил Клинтон и Урсула фон дер Лaјен, вели надбискупот Вигано.

Опасна субверзивна елита успеала да се инфилтрира во највисоките нивоа на западните институции и влади за да го спроведе криминалниот план од Агендата 2030 на ОН, предупредува надбискупот Карло Марија Вигано, кој во времето на папата Франциск беше екскомунициран поради наводно поттикнување раскол во католичката црква.

Вигано укажува дека држави што се прогласуваат за демократски ги замолкнуваат сите што не се согласуваат со нивните агенди преку цензура, заплашување, демонизирање или приведување. Овие тактики, според него, се отсликани и во пророштвата од Светото писмо, во кои се опишува „светски поредок во кој вистината ќе се смета за криминал, а давањето отпор ќе биде ризик“.

Како жртви на тивко воспоставениот тоталитарен режим тој ги посочува оние што ги оспоруваат мрежите на моќ преку меѓународни организации, како Обединетите нации, НАТО, Светската здравствена организација или Светскиот економски форум во Давос.

Вигано побара итно ослободување на затворениот германски адвокат Рајнер Филмих, за кого тврди дека е неправедно осуден на три години затвор само поради тоа што „се осмелил да ја каже вистината во светот на криминалните лаги“.

Филмих учествуваше во независната истрага што откри дека Фолксваген намерно прикривал податоци за штетни емисии од возилата, а од 2020 година беше портпарол на невладината група Истражен комитет за коронавирусот, кој документираше случаи на прекршувања на закони, медицински злоупотреби и научни измами од времето на пандемијата, со цел да им се помогне на жртвите од овие политики. Во 2023 година Германија објави налог за апсење на Филмих поради наводна проневера на фондови, тој беше екстрадиран од Мексико и во април годинава беше осуден на три години и девет месеци затвор. Филмих тврди дека е жртва на политички прогон.

Надбискупот Вигано ги повика католиците и сите луѓе со добра волја да застанат во одбрана на прогонетите од глобалистичкиот режим. 

Не треба да биде затворен адвокатот Филмих, туку оние што го извршија најголемото злосторство против човештвото: Ентони Фаучи, Бил Гејтс, Клаус Шваб, Џорџ Сорос, Урсула фон дер Лајен, Алберт Бурла и сите нивни соучесници и емисари, особено оние на институционални позиции, повика Вигано.

И Вигано лично се смета за жртва на прогон. Од функцијата нунциј (амбасадор) во САД, тој неколку пати претставил докази дека тогашниот кардинал Теодор Меккарик порано сексуално злоставувал 16-годишно момче, но Ватикан не реагирал. Поради тоа Вигано побара оставка од папата Франциск и од сите негови соработници што се обидувале да го заташкаат случајот. Во јуни 2024 година Дисциплинска комисија го обвини за шизма и го екскомуницира поради „отфрлање на легитимноста на папата Франциск“.

24 ноември 2025 - 13:28