Културата како навивачка трибина

По последните случувања во Кавадарци станува јасно дека одредени фигури и портали од балканската естрадна периферија не се задоволуваат само со диктирање на јавниот вкус, туку отворено се обидуваат да влијаат и врз домашните политички процеси. Или ќе ја артикулираме сопствената регулаторна рамка, или, да бидеме чесни, можеме мирно да се самораспуштиме.

Во држава која и понатаму се обидува да зачува барем минимална културна сувереност, нашата јавна сфера сè почесто се сведува на навивачки трибини за „културни“ конфликти што не се ниту наши, ниту за нас релевантни.

По последните случувања во Кавадарци станува јасно дека одредени фигури и портали од балканската естрадна периферија не се задоволуваат само со диктирање на јавниот вкус, туку отворено се обидуваат да влијаат и врз домашните политички процеси.

Ако државава навистина верува дека може да функционира со минимален степен на самопочит, тогаш е крајно време да воспоставиме јасни, строги и транспарентни правила за организацијата, работата и јавните настапи на странските изведувачи. Тоа не е рестрикција, туку елементарен механизам за културна самозаштита.

Или ќе ја артикулираме сопствената регулаторна рамка, или, да бидеме чесни, можеме мирно да се самораспуштиме и да признаеме дека нашата културна и медиумска архитектура е оставена на милост и немилост на лукративни проекти со центри надвор од Македонија.

Предлагам задолжително формирање на едно стручно и компетентно тело кое ќе ја уреди оваа област. Тело што ќе воспостави јасни критериуми, процедури и стандарди, но и ќе ја заштити нашата културна сфера од деградација во сензационалистичка придружна програма на туѓи интереси.

Ако сакаме да постоиме како држава, мора да престанеме да се однесуваме како публика на настан чиј режисер никогаш не сме го избрале.

Игор Дурловски

*************

23 ноември 2025 - 18:54