Пентерафобија е неоснован страв од сопствената тешта. Најчесто станува збор за неоправдано интензивно, но упорно чувство кое го спречува нормалното функционирање на зетот, особено ако живее блиску или со односната баба.
Иако е една од најмалку раширените фобии, таа си постои во официјалниот Дијагностички и статистички прирачник на метални нарушувања (DSM) на Американското здружение на психијатри. За да се дијагностицира потребно е да бидат задоволени неколку услови: да постои прекумерен и постојан страв, вознемиреност или паника и одбегнување, на сите можни начини, на тоа да се биде во контакт со мајката на сопругата.
Постојат уште неколку нарушувања поврзани со блиски во семејството, меѓу кои сокерафобија (страв од сватовштини генерално), витрикофобија (страв од очув) и новеркафобија (страв од маќеа). За сите нив е карактеристична палета симптоми од кои најчести се: тремори, краток здив, тахикардија, прекумерно потење, сува уста, неможност да се проговори, па до панични напади и врескање. Работата може да оди до таму што дури и поглед на фотографија или предмети поврзани со овие луѓе можат да поттикнат несакани реакции.
Со оглед на тоа што претставува необична фобија, тешко е да се одреди што го поттикнува овој нерационален страв. Генерално, се верува дека фобиите се резултат на трауматични настани од детството, односно во случајов со лошо искуство на таткото на пациентот со неговата тешта. Секако, помага ако мајката на сопругата е навистина арогантна, нападна или компетитивна, односно „страшна“.
Помеѓу иљачите што се препорачуваат спаѓаат: хипнотерапија, невро-лингвистичко програмирање (промена на однесувањето или способностите на пациентот), терапии за релаксација (таи-чи, јога, акупресура), па дури и учество во групна терапија со луѓе со истиот проблем, каде вообичаеното претставување би одело: „Јас сум Х и имам страв од бабата“. „Добредојде Х!“.