
„Заминува дел од мојата историја. Да, имаш капитени, и имаш лидери. И понекогаш не е само до капитенската лента туку што ти претставуваш. Жорж беше еден од оние момци за кој имав обичај да кажам ќе го исчисти ѓубрето и ќе го остави тренерот да си ја работи тренерската работа, не како лидер на соблекувалната. Тоа е совршено за тренер - кога неговиот капитен ја врши таа работа. Секако многу ми е жал, дел од мојата историја замина.
Но да заборавиме на фудбалот. Да се фокусираме на него - на Жорж, млад човек, на неговите деца кои ги запознав уште кога беа многу млади. Сега тие секако се возрасни луѓе. И да, многу ми е жал но тука сум, зошто ако тој можеше сега да зборува со мене, би рекол: „Ајде води ја прес-конфренцијата'. И ќе кажеше: 'Утре играј го натпреварот, мистер, играј го натпреварот. Победи и заборави на мене. Тоа би бил Жорж. Така што тоа ќе пробам да го сторам - да си ја работам работата денес, да си ја работам утре. И после да плачам. Но денес и утре имам работа. И знам дека Жорж би сакал да ја работам“, рекол Жозе на емотивната прес-конференција.
“O meu coração é azul e será sempre azul” #E2ERNO pic.twitter.com/qcMFhGWPbJ
— FC Porto (@FCPorto) August 5, 2025