Лејкерс го победија Шарлот после продолженија 118-114 во нивната Крипто Арена во Лос Анџелес и сега имаат 9 победи по ред и учинок 13-2 со што се најдобра екипа во цела НБА. Ова е најдолга победничка серија под водство на тренерот Џеј Џеј Редик.
Лука Дончиќ додаде 36 поени со 7 асистенции и 6 скока (имаше шут од игра 13/34).
За Квентин Грајмс ова е трета партија со најмалку 40 поени. На 17-ти март 2025-та постигнал 46 поени кога играл за Њујорк Никс, а две недели подоцна дал 44 поени.
Лејкерс ќе го затворат кругот домашни натпревари против Јута Џез во среда вечер.
