Гркот Зорба и пеколот наречен Егејска Македонија

Едно од најдобрите парчиња од оние (сумарно - траљави) документарци кои до неодамна беа масовно финансирани. Сцените се автентични, за разлика од нашите визионери кои нè убедуваат дека мора да ја прифатиме реалноста. Реалноста? Чисто за потсетување на тоа како изгледала реалноста на Македонците кога Грците беа оставени да ја решат нивната судбина.

 

*****

Многу прејаки приказни од македонската историја залудно се потрошија со тие (и такви) документарци. Главно од две причини: на дел од оние што ги земаа парите им беше најбитно да ги лапнат, а оние кои ги даваа парите инсистираа на свои сценаристи кои главно беа историчари и абер немаа од сценарио, па пишуваа пасоси од по километар на кои спикери буквално паѓаа во несвест обидувајќи се да ги прочитаат.

Штета. Наместо еден тон документарци (по логиката: да им дадеме на многумина по малку, утре може ќе кажат фала), можевме да имаме 4-5 врвно изработени документарни парчиња кои комотно ќе се квалификуваа за прикажување на Дискавери, Хистори и другите светски канали.

И „шарени“ снимаа, не нè влечете за јазик.

6 февруари 2018 - 13:34