Во 1983-та година, во случајот Никс против Хеден, американскиот Врховен Суд го прогласува доматот за овошје. Единствената причина за ваквата одлука е фактот што во тоа време увозното овошје било ослободено од плаќање царина, за разлика од зеленчукот од кој државата имала реални фискални добивки.
И така, после таа судска пресуда, целиот свет го лапнува доматот како зеленчук наспроти фактот што е тоа ботанички погрешна класификација.
Арбитрерност има и во еврејската традиција. Средновековните рабини решаваат да забранат конзумирање извесни продукти за време на верските празници иако религиозните записи тоа не го бараат. Причина? Новозабранетите прехрамбени продукти личеле на некои што се забранети па можело да дојде до конфузија и да се земат навистина забранетите.
Веројатно најлудиот упад во природниот поредок на стварите го прави католичката црква. Кога дабарот го прогласува за риба.
Се проценува дека своевремено имало и до 400 милиони дабари во реките на Северна Америка. Потоа доаѓаат Европјаните кои со себе ги носат болестите, желбата за носење крзно и чудесниот секрет од дабари кои се користи во индустријата за парфеми. Со себе го носат и католицизмот во кој успеваат да преобратат голем дел од домородното население. А тоа, навикнато на месо од дабар. Веројатно под притисок на новопримените католици, бискупот на Квебек во 17-от век им се обраќа на надлежните инстанци да му го појаснат статусот на дабарот за време на постите.
И добива позитивен одговор во кој црквените власти го прогласуваат дабарот за риба. Како единствена причина се наведува фактот што тој е добар пливач.