Радикалните феминистки кои ја критикуваат порнографијата, затоа што таа според нив поттикнува „култура на силувања" и друг вид насилство врз жените, неодамна беа демантирани од нова студија. Оние што гледаат порно не само што не се женомрсци, туку се дури и полиберално настроени од оние кои сметаат дека порното е ѓаволска работа.
Андра Дворкин, радикалната феминистка која тврдеше дека „сексот е само начин физиолошки да ја потчиниш жената", целиот живот го посвети на борба против индустријата која според неа е соучесник во ваквото насилство врз жените преку производство на порно содржини и индиректно, преку општествените ефекти на истото - охрабрување на мажите да ја еротизираат доминацијата, понижувањето и малтретирањето жени.
Нова студија објавена во Journal of Sex Research под наслов „Дали порнографијата навистина прави да ги мразиме жените?" вели дека ситуацијата е обратна - оние кои гледаат порно имаат родово поегалитарни ставови отколку оние кои не го прават тоа, во односот кон жени на позиции на моќ, жени кои работат вон домот и во однос на правото на абортус. Освен тоа, корисниците на порнографија не се разликувале значајно од другите во нивните ставови кон традиционалното семејство и во самоидентификацијата како феминисти. Накратко, резултатите на студијата сугерираат дека гледањето порно не мора да биде поврзано со шовинистички и деградирачки ставови кон жените, и дека радикалната феминистичка теорија ја има утнато работата.
Текстот завршува со реченицата: „Во светлина на изнесените докази, анти-порнографската реторика, која тврди дека 'порното покажува како изгледа крајот на светот' не може да се потврди".
Науко, што пиеш?