Скокни па речи оп

Триесет и четири годишниот Жоргињо сезонава игра за бразилски Фламенго. Претходно блескаше во дресовите на Верона, Наполи, Челси и Арсенал. Со Италија стана европски шампион во 2021-ва година кога на „Вембли“ на пенали ја совладаа Англија во историско финале.

Со Челси освои Лига на шампиони, Лига Европа, Супекуп на УЕФА и Светско клупско првенство. Се паметат неговите пенали со доскок пред шутот. Сега кај Оби Микел во подкаст раскажа како почнало тоа.

17 ноември 2026 - 10:03