Никола Јокиќ со уште една брилијантна асистенција

Феникс Санс го совлада Денвер Нагетс 117-105 на гостински терен и ја забележа првата победа на гости сезонава. Лидерот Девин Букер ги предводеше Санс со 20 поени, 4 скока и 8 асистенции. Џајлен Грин уфрли 16 поени колку што имаше и Мајлс Бриџис со 8 скока, а 15 даде Дилон Брукс. Кај Нагетс Јокиќ и Мареј постигнаа по 28 поени а Никола имаше 15 скока и 7 асистенции од кои една неверојатна, во негов стил.

Јокиќ после натпреварот ги критикуваше соиграчите. „Во ред е да изгубиш ако создаваш отворени шутеви, а ги промашуваш. Се случува да не е твоја вечер. Но друга работа е кога екипата не завршува работа со скок или ја подарува топката со немарни додавања, со такви грешки се убива ритамот“.

Денвер Нагетс се врати дома по турнејата на 4 натпревари од кои победи на 3. Досега сезонава имаат 7 победи и 5 порази. 

17 ноември 2026 - 10:13