Најдобри стрелци беа Кузмановски со седум гола, Нтанзи даде пет а Ристевски четири. Никола Митревски запиша дури 15 одбрани. Кај Германеците Вујовиќ погоди осум пати. „На момците им кажав дека вечерва може да испијат по едно пиво и веднаш назад во кревет“, изјавил искусниот Лино Червар после мечот.
Пелистерци после 4 кола во Европската Лига на ЕХФ имаат 1 победа, 1 нерешена и 2 порази и се на последно место со 3 бода колку што има и шпански Логроњо на трето место. Полски Вибрежје е прв со 6 бода во групата а Гумерсбах има 4 на второ место.
Последен силен германски бундеслигаш кој падна во Битола беше познатиот Флензбург и тоа во ноември 1997 година кога во тогашниот ЕХФ Куп Пелисер славеше 27-24. Година дена претходно во 1996-та Пелистерци го урнаа Лемго пред точно 30 години во култен натпревар кој ден-денес се раскажува.