Минатото пусто да остане

Трагичен настан во Кина од кој може да извлечат поука сите малолетни и - уште поважно - сите 'малоумни' лица кај нас. Враќање во минатото не е изводливо и може да заврши кобно.

Две малолетни девојчиња од Кина извршиле самоубиство сакајќи да патуваат назад во времето. Биле инспирирани од телевизиска серија за враќање во ерата на династијата Кинг.

Во проштaлната порака навеле дека сакаат да снимаат филм со императорот на таа династија.

12 годишните тинејџерки се удавиле во езерце блиску до нивните домови.

Весник од југоисточна Кина спровел неформално истражување на оваа тема меѓу младата популација кое покажало дека 14 од 16 деца на слична возраст веруваат дека патување низ времето е можно.

 

13 март 2012 - 12:44