Безброј научни чуденки предизвикуваше еден парадокс во оплодувањето забележан во бројни примери во животинскиот свет. Колоквијален пример: кобила оплодена од машка зебра, не само што ќе роди мешани потомци од таа љубов туку може да раѓа исти такви шаренки и подоцна, кога бива оплодувања од коњ а зебрата ја нема во равенката (Ферид Мухиќ има еден преубав есеј на таа тема, побарајте наоколу).
Научници од Универзитетот во Сиетл и Центарот за рак Хачинсон, во едно истражување тргнале со едни цели но испитувањето на женскиот мозок ги одвел во сосема поинаков правец.
Студијата открила дека женскиот мозок може да биде домаќин на она што се нарекува „машки микрохимеризам“, што претставува присуство на машки ДНК кој генетски се разликува од остатокот на женскиот организам.
Според студијата, 63% од жените имале машки микрохимеризам во својот мозок и тоа во различни делови од него. Со други зборови, 63% од жените во себе носат нечиј машки ДНК кој живее во нивниот мозок.
Од каде? Од таткото не е бидејќи ДНК-то на таткото се комбинира со мајчиниот за да создаде нов и уникатен ДНК.
Можеби од некоја бременост со машко дете? Не баш, бидејќи била правена аутопсија на мозок на жени кои никогаш забремениле, некои од нив не ни можеле да забременат.
Според научниците, можниот извор на машки ДНк во женскиот мозок би можел да биде:
а) абортус за кој жената не ни знаела
б) брат близнак кој исчезнал
в) постар брат трансфериран преку мајчина циркулација
г) секс
Првите три случаи опфаќаат мал процент жени и не би можеле да објаснат присуство на нечиј машки ДНК во дури 63%. Останува четвртата опција - сексот.
Ова може да биде битна консеквенца, дека не преживува само најбрзиот сперматозоид а сите други умираат, туку дека има некои кои можеби се побавни ама се затоа поупорни па некако успеваат да ја остварат својата желба за останување во „трајно сеќавање“.
Аутопсиите биле правени главно на постари жени а некои од нив чувале во својот мозок машки ДНК и преку 50 години.
Што го објаснува она одбивање на кобилата да ја заборави својата силна црно-бела љубов.