Накратко, плацебото ги тера луѓето да се чувствуваат подобро а ноцебото ги мами да им е лошо, иако не постои причина за тоа.
Класична приказна: Дечко кој е на третман за депресија, тотално се урнисува кога го остава девојка му. Голта цело шише антидепресиви и итно завршува во болница, со сите симптоми на труење. Виталните функции навистина му се на праг да откажат. По извршените испитувања, не можат да му најдат ништо. Едноставно, антидепресивите кои ги земал како терапија биле лажни, плацебо апчиња. Додека ги земал за добро, му било подобро. Кога верувал дека ќе умре од дозата, тој навистина почнал да умира.
Не е тоа ново сознание. На човек ќе му дојде да повраќа ако му кажете дека изел нешто грозно (а не изел ништо грозно). Здрави луѓе масовно почнуваат да чувствуваат симптоми на грип само ако слушнат дека има епидемија од грип. Знае тоа и трагично да заврши: човек со рак на кого му биле дадени уште толку и толку месеци живот, умира точно со предвидувањата. Со аутопсија се утврдува дека ракот воопшто не метастазирал.
Ефектот е посматран во болничката пракса и утврдено е дека пациенти помалку ги боли некој зафат ако не знаат дека ќе ги боли. Ако докторот им најави "ова ќе боли", тогаш многу ќе боли. Но, од друга страна, лекарската етика налага пациентот да е информиран за сите аспекти на неговиот третман.
Корисно упатство за лекарите произлегла од една студија според која на луѓе им се видела пострашна реченицата "епидемијата уби 1,286 лица" отколку формулацијата "од епидемијата загинаа 24,14% од популацијата" (иако вториот жртвен биланс е двојно поголем).
Затоа, докторите и медицинските пиари се советуваат смртните случаи и компликациите да ги искажуваат во проценти а не во апсолутни бројки.
Се поставува прашањето, можно ли е да се најде лек за болест која не постои? Изгледа да, бидејќи ноцебо ефектот следи утвердена траекторија во мозокот и таа може да биде блокирана со помош на хормон.
Најзанимливото мета истражување би било:
Што ако на човек му кажете дека му давате инекција против ноцебо ама инекцијата е плацебо?
Кое цебо ќе победи?