Кариерата ја започнал во бразилскиот нисколигаш Реал Нороесте, а потоа продолжува во прволигашот Америка Минеиро од каде доаѓа во големиот Флуминенсе.
По само една сезона во членот на големата петорка на бразилскиот фудбал, Ричарлисон во август 2017 година за 11,2 милиони фунти преоѓа во Вотфорд. Магичната техника и совршеното чувство за гол и асистенција му помогнаа да се адаптира на Премиер лигата и по една сезона во Вотфорд преоѓа во Евертон за огромни 35 милиони фунти плус бонуси.
На дебито за „карамелите“ во Премиер лигата постигнува два прекрасни гола против Вулверхемптон.
Откако ги поминал сите младински категории на репрезентацијата на Бразил, на 27 август годинава го добива првиот повик за сениорите од селекторот Тите.
Дебитира против Америка во пријателска средба кога го заменува Роберто Фирмино, а четири дена подоцна на пријателска против Ел Салваадор дава два гола во триумфот од 5-0.
Големите ѕвезди во Селесао брзо го прифатиле а Нејмар бил воодушевен од необичната прослава на головите на Ричарлисон. Тој имитира гугутка, а инспирацијата ја нашол во еден анонимен бразилски бенд Os Perseguidores кој имал песна „Танцот на гугутката“ (Dança do Pombo) со смешна кореографија:
„Еднаш слушнав една песна од непозната група од Рио во 2012. Танцот го повторив дома и ’ги заразив’ сите па почнаа да ме копираат. Мислам дека со таквата прослава на головите го направив познат и бендот. Ветив дека така ќе ги прославувам головите“, рекол еднаш плејмејкерот на Евертон.
На пријателската против Камерун пред два дена, Ричарлисон постигна прекрасен гол со глава кој го реши натпреварот (1:0) и го изведе „гугутка танцот“ додека коментаторот викаше: ’Прррррррр’
Ричарлисон (21) така ги прославуваше погодоците за Вотфорд, а сега и головите во Евертон (досега 6 погодоци во Премиер лигата)
Ретко кој Бразилец не е склон на необични прослави на головите, па оваа „будалаштина“ му дошла како „кец на десет“ на Нејмар кој се смее кога го гледа Ричарлисон како глуми гугутка: