Таг: нејмар

Нејмар во диско дознава за Бразил и плаче

Бразил ги разочара своите навивачи на Копа Америка и загуби од Уругвај во четвртфинале на пенали. Се појави снимка од Нејмар како дознава за елиминацијата на мобилен. Другарите го тешат.

Кога не може на терен, само вака знае да врати

Не бива повеќе фудбалер од Нејмар, а човек на место никогаш не ни бил. Вакво простачко однесување не поминува кога веќе си станал светска ѕвезда која влече многу фанови, особено деца.

Како изгледа рехабилитацијата на Нејмар?

Скинати лигаменти е дефинитивно најзаебаната повреда кај спортистите. После операцијата на Нејмар на 2 ноември, беше соопштено дека ќе паузира девет месеци. Најново е дека ја пропушта и Копа Америка која стартува на 20 јуни. Што да каже човек после ова видео?

Листата на повреди на Нејмар во изминативе шест сезони

10 повреди, 103 пропуштени натпревари, преку 400 дена надвор од терените. Сето ова од февруари 2018-та до денес.

Нејмар збесна, бразилски навивач го погоди со кутија пуканки

Селекцијата на Бразил киксна дома со Венецуела и одигра 1:1 во мундијалските квалификации. Некој од домашните навивачи, разочаран од резултатот, успеа да го погоди Нејмар со кутија пуканки директ во глава. Овој ќе се тепаше.

Нејмар се израдува на првиот гол во Саудиска Арабија

Бразилската ѕвезда стрелаше на петтиот негов настап за Ал Хилал против иранскиот клуб Насаџи во азиската ЛШ. Славеа 3:0, резултатот го отвори Митровиќ, а предноста ја зголеми Нејмар кој одлично ја заврши полуконтрата.

Простачки потег на Нејмар

Го натовија со годишна плата од 100 милиони евра, куќа со 25 спални и уште 300 благодети, за тој ваќа да им враќа, на најможеш сељачки начин. Каков недоквакан и неподнослив лик. Плус на толку ѕвезди, Ал Хилал се посрамоти и резултатски и едвај извади реми дома во Азиската ЛШ, против Навбахор од Узбекистан, со гол во 10-та минута од судиското продолжение.

Како изгледал поздравот на Нејмар во ПСЖ?

Бразилската ѕвезда заминал во позитивна атмосфера, со прегратка од цел тим и шпалир за крај. Нема љутиш за богатиот трансфер во Ал Хилал. Замина со големи успеси изразени во бројки: Вкупно 13 трофеи за 6 сезони и 118 гола на 173 настапи.

Листата со благодети за Нејмар да ти била многу подолга, Арапите немаат мерка

Шпанскиот весник АС излезе со најнова, перверзна листа на работи кои бразилската ѕвезда ќе ги добие во Саудиска Арабија.

Нејмар, некомплетниот и недовршениот гениј на неофудбалот со 600 милиони евра од договори

Неговите трансфери беа историски етапи за фудбалската индустрија, помеѓу луди сцени, истраги и долгови. Бразилецот, совршено сместен во ѕвездениот систем заработи цело богатство.

Уште приватен стриптиз бар фали во понудата на Арапите за Нејмар

Реномираниот Лекип објави детали од тоа што Ал Хилал го спремил како договор за бразилската ѕвезда. Е ја претераа.

Навивачите на ПСЖ излегоа на протести и удрија жестоко против Меси

Прво им сметаше Мбапе бидејќи наводно бил во преговори со Реал па го свиреа на стадион, сега им се сипаа и на Меси и Нејмар и тоа со погрдни зборови, мислиш направиле трансфери во најомразениот ривал.

Французите ги објавија најплатените играчи и тренери во лигата

Првите 10 места се резервирани за ПСЖ. Мбапе на 24 години се буди секој ден со нови 214.285 евра. Игор Тудор е втор најплатен тренер.

Две милијарди потрошени за тим како за Плејстејшн кој на терен разочарува

180 милиони евра за Мбапе, потоа нови 630 милиони бруто за нов тригодишен договор со невидени привилегии. 222 милиони за Нејмар, плус Меси го купија. ПСЖ е опседнат со големи имиња, заборавајќи ги основните принцини во фудбалот. Дека тоа е спорт кој се игра со тим.

Од Нејмар што можеш друго да очекуваш?

ПСЖ се соочи со елиминација во осминафиналето од Купот на Франција откако загуби 2:1 од Марсеј. Нејмар не се менува. Лежеше на тревата на Велодром и се виткаше сè додека неговите не ја освоија топката. Потоа како ништо да не било.

Каков Ленс, во сабота ќе се глави за дочек на Нова година

Не дека сугерираме со насловот, ама познат е дечкото по забави и непојавување на тренинг поради карневал во Бразил, роденден кај сестра му и слични неоправдани отсуства на работа. Твитерџиите со право го дупчат. 

Брилијантни дриблинзи на Нејмар кој заврши со црвен за симулирање

Уште во првата партија после Светското, ново блесаво издание на Нејмар кој од една страна се истакнува со бразилски мајстории, а потоа се глупира и добива два жолти картони за две минути. Вториот откако се обиде да изглуми пенал.

А го видовте ли лажниот Нејмар?

И покрај строгите безбедносни мерки на стадионите, царот влезе без некаква акдредитација или пропусница и успеа да ги убеди на врата дека е Нејмар, а потоа фати да се слика со луѓе. Никој не го позна дека е фејк. Плукнат е на бразилската ѕвезда. Копија.

Дуелот на Нејмар по кој му виси Мундијалот и како му изгледа зглобот?

Бразил ја совлада Србија со 2:0 и направи важен исчекор во битката за нокаут фазата. Но цел Бразил стравува дали ќе може Нејмар да игра повеќе во Катар.

На Нејмар му фрлија топка со дрон од 35 метри за да ја прими

Уште не почнато Светското, а Бразилците веќе почнаа со шоу. Да, големата ѕвезда на ПСЖ и селекцијата на петкратниот светски првак ја прими од 35 метри, а колегите збеснаа. Бразил во Катар првата ја игра против Србија на 24 ноември.

Нејмар пак се плезеше како зелен, ама во ЛШ за таква прослава се добива картон

Триото на ПСЖ со по еден гол стрелаше на гостувањето против Макаби Хаифа со 1:3. Резултатот го затвори Нејмар во 88-ма минута, ама пак се истакна со неговата специфична прослава на гол која ја форсира сезонава. Секој противнички навивач ќе помисли дека со ваквиот гест сака да ги исмејува, па целата работи заврши со ВАР и жолт картон.

Генијална асистенција на Нејмар за мајсторски волеј на Мбапе

ПСЖ ја разби одбраната на Јувентус по само 5 минути игра, а главни на дербито на вечерта се Мбапе и Нејмар кои изрежираа акција која ќе се врти цела сезона во ЛШ.

Каков пример е Нејмар со прославата за гол како недозреан?

ПСЖ викендов го демолираше Лил на гости со 1:7, а Нејмар го прослави својот гол како невоспитано улично дете кое им се кези на другарите. Како тој, така и тие кој го гледаат. 30 години направи и уште не созреа.