Нејмар заигра за Бразил за прв пат после октомври 2023-та, а на крајот од мечот се расплака. Анчелоти му ја оствари огромната желба во 75-та минута кога мечот против Шкотска беше решен.
Иако не влијаеше значително на играта во преостанатото време, тој веднаш ја презеде одговорноста и го запиша неговиот четвртиот Мундијал.
Навивачите на стадионот Хард Рок во Мајами го пречекаа со овации. Репортерите се тепаа за да го фотографираат, а голема поддршка доби и од фамилијата која се симна да го прегрне.
Нејмар е прв стрелец во историјата на Бразил со 79 гола, пред Пеле кој има 77. Втор е по број на настапи со 129. Пред него е Кафу со 142.