Годинава се појави документарец за неуспехот на овој филм и доби неверојатни оценки на фестивалот во Кан. Пред неколку години Ходоровски напиша текст во францускиот магазин Metal Hurlant, во кој објаснува за инспирацијата и амбициите што ги имал за претворање на Дина во филм.
Неговото сценарио е преполно со клучни моменти кои воопшто ги нема во книгата, а главната идеја му била Пол да не биде главниот лик во филмот, туку тоа ќе биде Императорот, кој требало да го глуми Салвадор Дали, за сум од 100.000 долари на час (во денешни пари 420.000 долари).
"Во мојата верзија на Дина, императорот на галаксијата е луд. Тој живее на вештачка планета од злато, во златна палата. Тој живее во симбиоза со робот кој е идентичен на него. Сличноста е толку перфектна што граѓаните никогаш не знаат дали се во присуство на човек или машина."
На крајот филмот кулминира со сечење на грлото на Пол. По ова Дина пустинската планета се преобразува во зелен рај "со три столба од светлина," кои светат од горе, со виножита и шуми.
Ходоровски објаснува и како стигнал до овој ваквиот крај на филмот: "За да ја составам последната сцена со преобразбата на материјата, јас бев во контакт со вистински алхемичари... Мистериозни суштества (од кои некои стари и над 100 години) кои ми пристапија бидејќи Дина може да биде камен на мудроста, камен кој сите други материјали ги менува во злато..."
"Јасно ви е дека Дина на Ходоровски е колосален потфат од див, бизарен и визионерски режисер на кој му било малку грижа за конвенционалното раскажување на приказната, барањата на студиото или верноста кон оригиналната приказна."
Неговата приказна не била комплетно загубена. Ходоровски зачувува дел од неа и ја претвора во серија на стрипови под името The Incal, кои ги црта францускиот уметник Moebius. Стриповите за малку ќе беа претворени во анимирана серија, ама и овие планови пропаднаа.